Олга Даниловиќ го одигра својот последен официјален натпревар во февруари. Многумина се прашуваа зошто таа не е на тениските терени, а причината е најубавата можна, бременост.
25-годишната Даниловиќ го очекува своето прво дете со своето момче, голманот на Атлетико Мадрид Јан Облак, со кого неодамна се сврши. Олга треба да се породи во септември.
Даниловиќ, која стигна до 32-та позиција на ВТА листата, сè уште има многу време за врвен тенис пред себе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
