„Убавата жена“ ги тешеше “кралевите“: Џулија Робертс во посета на Реал (ФОТО)

По големото разочарување на „Ел Класико“ фудбалерите на Реал расположението си го поправаа со една од најголемите холивудски актерки, Џулија Робертс.

Славната Американка во живо го гледаше „Ел Класико“, а по мечот отиде во соблекувалната на Реал да ги запознае играчите.

Се фотографираше со Серхио Рамос, Марсело, Кристијано Роналдо, Зидан, Лука Модриќ и доби дрес со број 1 од Реал..

„Ах, навистина сум возбудена, ова е прекрасно. Целото семејство сме тука…“ – истакнала во еден момент Џулија при посетата на соблекувалната и додаде за официјалната страница на Реал:

А, кога веќе беше на „Сантијаго Бернабеу“, Џулија Робертс не можеше а да не тркне и до соблекувалната на Барселона, а да има фотографија со Лионел Меси…

mesi so julia roberts

Се вчитува...