Убави вести од Њујорк – Спортските тимови се враќаат на тренинзи

Гувернерот на Њујорк Ендру Куомо изјави дека од денеска спортските клубови во државата можат да се вратат во своите тренинг кампови, по пауза од два месеци поради пандемијата од коронавирусот.

„Од денеска сите клубови од четирите професионални лиги во Њујорк ќе можат повторно да тренираат. Мислам дека спортот може да продолжи без навивачи. Мора тоа да се направи. На луѓето им треба надеж, а надеж во овие тешки моменти е спортот“, изјави Куомо. 

Њујорк е американска држава која е најмногу погодена од пандемијата од коронавирусот и кога се во прашање бројот на заболени, но и во смртни случаи.

Се вчитува...