Убедлив пораз на Форца на стартот на вториот дел од Лигата на шампионите

Шампионот на Македонија во футсал со убедлив пораз од големиот фаворит украински ХИТ Киев (10-2) го стартуваше настапот во втората фаза од годинашното издание во Лигата на шампионите.

Единствените два погодоци за македонскиот тим ги постигнаа Рамадани и Чијафи. Утре во 2. коло од групата 8 во лигата Б Форца ќе игра против Силико од Словенија.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...