Убедлив пораз на кадетите на стартот на „Трофеј Карпати“

Ракометната кадетска репрезентација на Македонија, доживеа убедлив пораз на првиот меч на „Трофејот Карпати“. На отворањето, селекцијата предовдена од Наум Танески доживеа пораз од Египет со 21-35.

После старниот „егал“ од двете селекции, од 3-4, противникот направи серија од 5-0, и брзо дојде до 3-9. Работите не се променија ниту по тајм-аутот на Танески, па така Египет само ја зголемуваше предноста за на полувреме да има водство од 12 разлика (10-22).

Нешто подобра реализација на нашата селекција на стартот од вториот дел. Серија од 6-2, за намалување на разликата, што беше аларм за тајм-аут на Египет. Меѓутоа никако Македонија не најде решение за сериите на Египќаните. После 16-24, дојдоа до низа од неверојатни 9-0, за 16-33, и згаснување на и онака малите надежи за нашите кадети дека може да дојдат до чудо. Македонија цели 12 минути беше без постигнат гол во оваа фаза.

На крајот и мало опуштање во редовите на Египет, за Македонија да намали дел од разликата и да избегне поголема катастрофа.

Се вчитува...