Убедлив пораз на кошаркарите од Словачка

Македонската кошаркарска репрезентација претрпе убедлив пораз од 89-74 на гостувањето на првиот натпревар против селекцијата на Словачка.

Избраниците на селекторот Јорданчо Давитков не успеаја да влезат во посакуваниот ритам, па претрпеа пораз од кој сигурно стручниот штаб и кошаркарите сигурно ќе настојуваат да извлечат што повеќе поуки. Овој меч беше од затворен карактер, па затоа и информациите за него се оскудни, но двете селекции утре ќе одиграат нов натпревар, овојпат пред публика во салата во Братислава, на кој нашите репрезентативци сигурно ќе сторат се за да се прикажат во далеку подобро светло.

Се вчитува...