Убедлив пораз на ЖРК Металург во ЕХФ Купот

Ракометарките на Металург загубија од францускиот Иси Париз со убедливи 15-31 во првиот натпревар од квалификациското прво коло во ЕХФ Купот.

Францускиот претставник ја потврди фаворитската улога во овој дуел и практично, уште по првиот меч обезбеди пласман во следната рунда. За младиот состав на Металург и победа е недостижна во дуел со ваков силен противник, а уште помалку негатива од 16 гола.

Парискиот тим уште на стартот поведе со 1-8 и стави до знаење каков е односот на силите на теренот во Автокоманда. По првите 30 минути од натпреварот ракометарките на Металург постигнаа само четиир гола и на полувремето веќе беа во двоцифрена негатива (4-17).

Второто полувреме беше само рутина за Иси Парис. Французинките малку го намалија темпото, па Металург во овој дел постигна 11 гола, но на крај сепак тоа беше убедлива победа за гостинскиот тим.

Ангела Гулицоска со четири гола беше најефикасна во составот на ЖРК Металург, а кај иси Париз листата на стрелците ја предводеше Тамара Хорачек со седум погодоци.

Вториот натпревар од овој дуел ќе се одигра повторно во Автокоманда, утре со почеток во 16.30 часот. Влезот е слободен.

Се вчитува...