Убедлив пораз за Андоновски и САД на стартот на ЛОИ во Токио (ВИДЕО)

Владко Андоновски и репрезентацијата на САД забележаа убедлив пораз од Шведска со 0-3 во дерби натпреварот од првото коло на женскиот турнир на Летните олимписки игри во Токио.

Првите фаворитки за злато очајно го отворија турнирот во Токио. Головите за Шведска ги постигнаа Блекшптајнус во 25. и 55. минута и Хартиг во 72. минута. Со овој пораз Американките ја прекинаа серијата од 44 натпревари без пораз во сите натпреварувања.

Во второто коло САД ќе играат против Нов Зеланд.

 

Се вчитува...