Убедлив триумф на МЗТ Скопје Аеродром на контролата со Левски Лукоил (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром славеа на првиот контролен натпревар против бугарскиот Левски Лукоил со 94-74. „Металците“ почнаа фуриозно уште од самиот старт на мечот и стигнаа до убедлива предност од  (31:15), која до крајот само се зголемуваше за конечен триумф од дваесет поени разлика.

Четворица домашни кошаркари ја завршија оваа проверка со двоен број на поени. Најмногу, по 17 имаа Дамјан Стојановски и Андреј Магдевски, 15 уфрли Феми Олуџоби, а 10 новакот во редовите на „сино-белите“ Гравен Хасани. Кај гостите од Софија, 24 поени реализираше поранешниот „металец“, Јордан Минчев. Уште 18 поени дојдоа од Бразелтон, додека еден поен помалку постигна Петков.

И вториот дуел меѓу овие две екипи ќе се одигра во СЦ „Јане Сандански“. Во сабота попладне, од 14. часот. Исто како и вечерашниот, ќе се игра без присуство на публика, поради забраната поврзана со пандемијата предизвикана од коронавирусот.

Се вчитува...