„Убиците на гиганти се подготвени да го срушат сонот на Роналдо за пласман на СП“

Победата на македонската фудбалска репрезентација во Палермо против актуелниот европски шампион Италија со „овации“ беше доживеана од светската јавност, а и во пресрет на финалниот натпревар со Португалија не престануваат пофалбите за нашите репрезентативци.

Последните од нив доаѓаат од „Островот“ каде новинарот на „Мирор“, Џо Кришнан во анализа насловена „Убиците на гиганти се подготвени да го срушат сонот на Роналдо за пласман на СП“  пишува како нашата репрезетнација се повеќе се наметнува како незгоден противник за великаните.

„Нема дилема за тоа со кој тим сакаше Кристијано Роналдо да се соочи во пресрет на финалето од квалификациите за Светското првенство 2022, но Македонија, тим кој се повеќе се наметнува како „убиец на гиганти“, нуди престижно сценарио“

„Ова не е прв пат Македонија да предизвика земјотрес во фудбалскиот свет. Претходната година во Дуисбург во квалификациите за Светското првенство славеа над Германија. Многумина очекуваа „да изедат ќотек“, додека сите во Германија очекуваат победа, но ретко кој ја гледаше Македонија како победник“.

Натпреварот за пласман на Мундијалот во Катар кој ќе се одигра во Порто е закажан за вторник со почеток од 20 часот и 45 минути.

Се вчитува...