Удар и за Баерн: Садио Мане не игра против ПСЖ

ПСЖ ќе биде без помошта на Килијан Мбапе во првиот осминафинален меч од ЛШ против Баерн Минхен, но со сериозни проблеми во пресрет на овој меч се соочува и баварскиот гигант.

Тренерот Јулијан Нагелсман денеска објави дека Садио Мане заработил нова повреда поради која ќе отсуствува уште најмалку петнаесетина дена, што значи дека нема да може да настапи на првиот дуел со ПСЖ закажан за 14 февруари. Мане поради незгодна повреда не настапи за Сенегал на СП 2022 во Катар, неодамна се врати на терените, но веднаш заработи нова повреда.

„Што се однесува до Садио Мане, го очекуваме во тимот во втората половина од февруари. Не чувствува болка, проблемот се чини дека не е сериозен, но тој дефинитивно нема да може да игра на првиот дуел со ПСЖ“, изјави денеска Нагелсман.

Се вчитува...