Удар за Интер – се повреди Лукаку

Антонио Конте ќе мора да се снаоѓа на наредниот калчолигашки натпревар против Парма без Ромелу Лукаку, откако беше обелоденето дека Белгиецот се повредил на последниот меч од ЛШ против Шахтјор. Одличниот голгетер по натпреварот се пожалил на болка во ногата, а прегледите утврдиле проблем со мускулот.

„Лукаку има истегнување на мускулот. Ситуацијата ќе се следи секојдневно, но јасно е дека тој нема да може да помогне против Парма“, соопштија од лекарскиот тим на „нероаѕурите“.

Останува да се види дали најдобриот напаѓач на Интер ќе се рехабилитира навреме за настап на следниот меч од Лигата на Шампионите, пресметката со Реал Мадрид која може да биде и клучна во битката за следната фаза од елитното европско натпреварување.

Се вчитува...