Удар за Јуве – Кјелини мора на принудна пауза

Андреа Пирло се соочува со нови проблеми околу составот на Јувентус по повредата што ја заработи Џорџо Кјелини. Искусниот дефанзивец во изминатите денови мина низа детални тестови, а резултатите не се добри за „старата дама“ – Кјелини ќе мора да отсуствува уште еден месец од фудбалските терени.

Тој неодамна се врати по повредата заработена на стартот на сезонава, но сега Кјелини ќе пропушти уште неколку значајни средби за Јуве, меѓу нив и преостанатите три пресметки од Лигата на Шампионите.

Добра вест за Пирло е што барем Матијс де Лихт влезе во последната фаза од рехабилитациската програма. Холанѓанецот одработе дел од вчерашниот тренинг со остатокот од тимот и прогнозите велат дека Де Лихт би можел да се појави во тимот за дуелот со Калјари, прв за Јуве по репрезентативната пауза.

Се вчитува...