Удинезе се мачи без Несторовски – реми на гостувањето против Сампдорија

Удинезе и во четвртиот натпревар по ред не успеа да стигне до победа откако на гостувањето против Сампдорија во седмото коло од Серија А ремизираше со 3-3. Македонскиот интернационалец Илија Несторовски кој се опоравува од повреда повторно не беше дел од „црно-белите“.

Голеадата на „Луиџи Ферарис“ започна уште во 15. минута кога Перејра ги донесе гостите до водство, но резултатот беше изедначен во 24. минута кога автогол постигна Стрјгер Ларсен. Сепак гостите беа оние кои на полувремето заминаа со водство откако Бето стралаше во 44. минута.

Голеадата продолжи и во второто полувреме. Преку Кваглиарела во 48. минута и Кандрева во 69. минута, Сампдроија стигна до пресврт, а конечниот резултат го постигна Форестиери во 84. минута од мечот.

Верона пак лесно се справи со „фенерџијата“ Специа и славеше со убедливи 4-0. Домаќините до предност стигнаа во 4. минута преку Симеоне, а до крајот на првото полувреме стрелаа и Фараони и Капрари. Конечниот резултат го постави Веса во 71. минута.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...