УЕФА, АФЦ и Конкакаф со отворено писмо: Фудбалот не е своина на одредени луѓе

Претседателите и генералнитр секретари на Азијската, европската и федерацијата на Северна и средна Америка упатија заедничко отворено писмо до „фудбалското семејство“, во кое изразија сериозна загриженост за начинот на кој се раководи со ФИФА и истакнаа дека фудбалот „не му припаѓа на ниту еден поединец или институција“.

„Фудбалот е најголемата заедничка страст во светот. Тој не му припаѓа на ниту еден поединец или институција. Им припаѓа на играчите, навивачите, клубовите, националните сојузи и на сите оние на кои им е доверена грижата за неговата иднина“, се вели во писмото.

Трите конфедерации нагласуваат дека напредокот на фудбалот во изминатата деценија не е резултат на работата на еден човек, туку на заедничкото дејствување на ФИФА  конфедерациите, националните сојузи и илјадниците луѓе кои работат во фудбалот.

Се вчитува...