УЕФА ги потврди шеширите пред денешната ждрепка за ЕП 2024: Можна е балканска група…!

Денеска од 18 часот во Хамбург ќе бидат извлечени групите за Европското првенство 2024 кое следната година се игра во Германија.

Вообичаено, на ден пред ждрепката, УЕФА ги потврди четирите шешири преку кои ќе бидат одредени групите за ЕВРО 2024. Како што е познато, во последниот шешир ќе бидат и селекциите кои ќе се изборат за ЕП преку баражите од Лигата на нации.

Поголемиот дел од фудбалските фанови од овие простори ја посакуваат балканската група заедно со Германија. Потврдено е дека Албанија е во вториот, Хрватска во третиот а Србија во четвртиот шешир па сите три селекции може да се најдат во иста група. Фудбалските фанатици уште посакуваат да биде тоа група со домаќинот Германија.

Како домаќини на Германците ќе им припадна позицијата број 1 во Групата А, па оваа селекција нема да биде ждребувана.

Европското првенство 2024 ќе се игра од 14. јуни до 14. јули. Форматот на натпреварувањето е таков што, првопласираните две селекции од секоја од шестте групи, плус четирите најдобри третопласирани репрезентации ќе обезбедат место во осминафиналето низ елиминацискиот систем потоа се до финалето.

Се вчитува...