Унгарската Академија Пушкаш без борба се пласираше во третото коло. Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) соопшти дека украинскиот тим Днипро е исфрлен од ова натпреварување, но овој клуб допрва ќе ја чека најголемата битка.
Во последната сезона од украинската Премиер лига, Днипро го зазеде четвртото место, со што се квалификуваше за Конференциската лига. Во понеделникот, УЕФА издаде официјално соопштение во кое ја информира јавноста дека Днипро нема да игра Европа сезонава.
Со тоа се потврдија нагаѓањата од претходниот период. Украинските медиуми на почетокот на јули пишуваа за финансиските проблеми на клубот и патот до банкрот. Украинската лига минатата недела и официјално го објави повлекувањето на Днипро од натпреварувањето, а следеше и логично исфрлање на овој тим од Европа.
Клубот го напуштија неколку играчи, а не беше пронајден нов финансиер. За овој тим се повтори ситуацијата од пред пет години, кога беше распуштен оригиналниот Днипро, исто така поради финансиски проблеми.
Не така одамна овој украински клуб имаше фантастични резултати, пред две години се пласираше во осминафиналето на Конференциската лига. Инаку, во 2015 година, оригиналниот Днипро стигна до финалето на Лига Европа, во кое загуби од Севилја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА