УЕФА го казни Манчестер јунајтед за доцнење

Европската фудбалска федерација (УЕФА) го казни Манчестер јунајтед со 15.000 евра заради доцнење на натпреварот со Валенсија во Лигата на шампионите на 2 октомври. Поради доцнењето на „црвените ѓаволи“, поместен беше почетокот на натпреварот за десетина минути.

Тренерот Жозе Мурињо доби предупредување за случајот, но тој се оправдуваше со полицијата во градот која го придружувала клупскиот автобус и тој патувал 45 минути подолго од вообичаеното до „Олд Трафорд“ заради што играчите стигнале на стадионот само 45 минути пред почетокот на натпреварот.

Според член 41 од Првилникот на Лигата на шампионите, и двата тима треба да бидат на стадионот 75 минути пред судискиот сигнал за почеток на средбата.

Полицијата подоцна го оспори објаснувањето на Мурињо, со тоа дека била откажана придружбата на клупскиот автобус од хотелот до центарот на градот.

УЕФА го казни Манчестер јунајтед со 5 илјади евра за задоцнето пристигнување на стадионот и со 10 илјади евра заради до доцнење на почетокот на средбата која на крај заврши без победник и без голови (0-0).

Се вчитува...