УЕФА денеска и официјално потврди дека ќе има измени во форматот на Лигата на нации и квалификациите за пласман на европското првенство од сезоната 2028/2029.
Во иднина, според новите измени, Лигата на нациите ќе се игра, место досегашните четири дивизии, во три дивизии поделени со по 18 репрезентации.
Притоа, секоја дивизија ќе има по три групи со по шест репрезентации, и ќе се играат по пет натпревари. Со тоа што единствено Дивизијата Ц ќе има една група со седум репрезентации.
Квалификацискиот систем за пласман на европско првенство, пак, ќе биде поделен во две нивоа – Лига 1 и Лига 2.
Во Лига 1 ќе играат 36 репрезентации од Лига А и Б каде што во овој момент е Македонија, додека во Лига 2 ќе се сместат останатите селекции. Притоа во Лига 1 ќе има три групи по 12 репрезентации и секоја ќе одигра шест натпревари со шест различни екипи, нешто слично како сегашниот формат на европските клупски натпреварувања.
Репрезентациите кои ќе бидат најдобри во Лига 1 директно ќе одат на Европското првенство, додека преостанатите ќе одат во плејоф каде што ќе дојдат и селекциите од понизок ранг.
Сепак, од УЕФА и информациите дека целиот систем ќе биде доработен на следниот состанок на Извршниот одбор во септември кога би требало да бидат објавени комплетните детали за форматот во двете натпреварувања.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
