УЕФА го објави идеалниот тим во квалификациите за ЕВРО 2020

Европската фудбалска федерација (УЕФА) го објваи идеалниот тим во квалификациите за ЕВРО 2020 година. Во идеалниот тим нема ниту еден фудбалер на Македонија, а од него изненадувачки не е дел ниту Кристијано Роналдо кој постигна неверојатни 11 гола на 8 натпревари.

На голот се наоѓа Украинецот Пјатов. Одбраната ја сочинуваат Рамос, Демирал, и Сигурдсон. Во средниот ред се наоѓаат Кусулус од Грција, Бернардо Силва од Португалија, Вијналдум од Холандија и Захави од Израел, додека во нападот се Англичаните Кејн и Стерлин, како и Холанѓанецот Депај.

 

Се вчитува...