УЕФА го објави распоредот за ЛШ: Нокаут фазата стартува со дербито меѓу ПСЖ и Баерн

После денешната пладневна ждерпка за осминафиналето во Лигата на шампионите, УЕФА го објави распоредот на мечевите за февруари и март кога ќе се игра првата елиминациска фаза.

Осминафиналето ќе го отвори дербито ПСЖ – Баерн Минхен, пресметка која ќе биде реприза на лисабонското финале од корона-фајнлејт турнирот во Лисабон на 14 февруари, а во истиот термин ќе се одигра и „мало дерби“ на Милан и Тотенхем. Пресметката од мајското финале годинава, помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид е закажана за 21 февруари.

Сите мечеви се играат во вечерниот термин од 21 часот во трката за местата во финалето во Истанбул на 1 јуни, а Реал Мадрид е бранител на трофејот.

РАСПОРЕД НА ОСМИНАФИНАЛНИ МЕЧЕВИ

14 ФЕВРУАРИ/8 МАРТ

ПСЖ – Баерн

Милан – Тотенхем

15 ФЕВРУАРИ/7 МАРТ

Бриж – Бенфика

Борусија Дортмунд – Челси

21 ФЕВРУАРИ/15 МАРТ

Ливерпул – Реал Мадрид

Ајнтрахт Франкфурт – Наполи

22 ФЕВРУАРИ/14 МАРТ

РБ Лајпциг – Манчестер сити

Интер – Порто

Се вчитува...