УЕФА го одреди судијата за мечот Македонија – Австрија

Шведскиот судија Андреас Екберг ќе ја дели правдата на неделниот историски меч за Македонија, прв за нашиот национален тим на едно големо натпреварување кога избраниците на Игор Ангеловски ќе излезат на мегдан со селекцијата на Австрија.

УЕФА денеска ги објави имињата на официјалните лица за неделните средби, а мечот во Букурешт им беше доделен на Швеѓаните, Екберг како главен судија и неговите сонародници Мехмет Кулум и Штефан Халберг како помошници. Русинот Сергеј Карашев ќе ја има улогата на четврти судија, додека задолжен за спорните ситуации во ВАР-собата ќе биде Бастијан Данкерт од Германија.

Екберг е судија со знакот на ФИФА уште од 2013 година, а досега има делено правда на 185 средби во елитната шведска фудбалска лига, како и на 72 меѓународни натпревари.

На вториот меч од нашата група, дуелот меѓу Холандија и Украина, главен судија ќе биде Феликс Брих од Германија.

Се вчитува...