УЕФА го потврди новиот формат на Лигата на шампионите од 2024/25

Извршниот комитет на УЕФА денеска го официјализираше новиот формат на Лигата на шампионите од сезоната 2024/25. Има многу новости, меѓу кои и наместо 32 екипи, ќе има 36 клуба кои ќе играат по т.н. „Швајцарски модел“.

Тоа значи дека ќе нема класични осум групи по четири тима, туку сите 36 тима ќе бидат сместени во една група, но нема да игра секој со секого како што е на пример во шахот. Распоредот на сите натпревари ќе биде познат пред почетокот, и екипите во групната фаза ќе играат осум наместо сегашните шест натпревари во групата.

Најдобрите први осум екипи одат директно во 1/8 финалето, додека оние од 9 до 24 место ќе играат дополнителен плеј-оф, и победниците ќе одат во 1/8 финалето. Така се предвидени повеќе натпревари.

Новина е што едно место плус добива петтата земја рангирана според коефициентот на УЕФА, додека едно место ќе добијат т.н. „малите“ земји. Наместо сегашните четири од шампионскиот пат во квалификациите, сега ќе има пет места, а другите две места ќе ги добијат клубовите од најсилните земји според рејтингот на УЕФА.

Се вчитува...