УЕФА им дозволи играње на младите селекции на Русија, па следуваше одговор од Украина

Европската куќа на фудбалот УЕФА на вчерашниот Извршен комитет во Кипар, донесе одлука репрезентациите на Русија да се вратат во УЕФА натпреварувањата до 17 години.

Први кои се побунија против таквата одлука беа Англичаните, а денеска стигна објава и од Украина.

Од украинската фудбалска феддерација најавија дека нема да настапуваат во натпреварување во кое се вклучени руските репрезентации.

„Украинската фудбалска федеарција е против одлуката на УЕФА да ги врати селекциите на Русија до 17 години во интернационалните натпревари. Потврдуваме дека нашите селекции нема да се натпреваруваат на турнири или квалификации во кои ќе има руски екипи“, стои во соопштението на украинската федерација.

Се вчитува...