УЕФА им се закани на ПСЖ и на Манчестер Сити со нови истраги за Финансискиот фер-плеј

УЕФА ги предупреди клубовите дека многу лесно може да бидат повтoрно отворени „запечатените“ истраги за прекршување на регулативата на Финансискиот Фер-плеј ако за тоа се појават нови сознанија и докази.

„Клубовите кои сакаат да бидат дел од натпреварувањата што ги организира УЕФА мора да го почитуваат Финансискиот фер-плеј. УЕФА прави годишна проценка на финасиските позиции на клубовите врз основа на податоците кои тие ги доставуваат (на основа на независно ревидирани извештаи), но и преку сопствена анализа користејќи независни ревизии. Ако дојдеме до нови информации кои можат да бидат значајни за проценките ќе побараме објаснување од клубовите. Ако новите информации укажуваат на злоупотреби, случаите повторно ќе бидат отворени“ – стои во соопштението од УЕФА.

Предупредувањето од УЕФА доаѓа откако во јавноста излегоа обвинувања и документи кои тврдат дека Пари Сен Жермен и Манчестер Сити користеле разни начини и методи за да ја избегнат регулативата на Финасискиот фер-плеј. Двата клуба имаат по една казна за прекршување на ФФП. Во повторните истраги беа ослобоедни од обвиненијата.

 

Се вчитува...