Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ги заостри критериумите за настап во европските натпреварувања, па добивме нова „жртва“.
Овој пат „настрада“ ирскиот клуб Дрогеда Јунајтед и беше исфрлен од Конференциската лига поради правилата на УЕФА за сопственост на повеќе клубови.
Дрогеда е во сопственост на групацијата „Тривела“, организација која поседува и мнозински удел во данскиот Силкеборг. Со тоа што Силкеборг исто така обезбеди место во квалификациите за конференциската лига, Дрогеда Јунајтед испадна, бидејќи Силкеборг ја заврши сезоната на повисока позиција во Националниот шампионат.
Клупските челници планираат да поднесат жалба до Судот за спортска арбитража (CAS).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА