УЕФА избра: ЕВРО 2024 ќе се игра во Германија, Турците извисија

Германија ја доби довербата на УЕФА за организација на Европското првенство во фудбал во 2024 година, беше соопштено попладнево во европската куќа на фудбалот.

Во големото финале Германците за противник ја имаа Турција, за првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин, свечено да објави дека повеќекратниот европски првак ќе биде домаќин на шампионатот што ќе се одржи за шест години.

Само за потсетување, наредното Европско Првенство во 2020 година ќе се одржи во 12 различни градови, идеја на поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини за која Чеферин јасно стави до знаење дека не се согласува и дека во иднина ќе се врати на „класичната“ организација на големите натпреварувања.

Се вчитува...