УЕФА ја исфрли Осасуна од Европа, следеше одговор: Се правите силни на слабите…

УЕФА донесе одлука да ја суспендира екипата на Осасуна, која нема да има право да се натпреварува во Конференциската лига иако се избори за такво нешто со пласманот во шпанската Ла Лига.

Причина е наместените натпревари на овој тим пред точно десет години, во 2013 година, за кои шпанскиот суд пред извесно време донесе одлука со пресуди против тогашните челници на клубот. Иако тимот од Памплона во меѓувреме целосно ја смени управата, УЕФА реши да ја суспендира Осасуна од настап во европското натпреварување.

Шпанскиот прволигаш најави дека ќе поднесе жалба на оваа одлука, но и гласно го критикуваше ставот на УЕФА: „Се правите силни пред слабите, а слаби пред силните“, јасно алудирајќи на благите санкции што УЕФА во минатото ги изрекуваше кога беа утврдувани прекршување на прописите од страна на европските гиганти.

Доколку казната на УЕФА остане на сила, тогаш местото на Осасуна ќе му припадне на Атлетик Билбао, тимот што го освои осмото место во Ла Лига изминатата сезона.

Се вчитува...