Манчестер Сити се соочува со нова закана која би можела да има огромни последици за иднината на клубот.
Откако независната комисија на англиската Премиерлига утврди дека клубот е одговорен за голем број сериозни финансиски прекршоци, во последните 24 часа се појавија информации дека УЕФА (Европската фудбалска федерација) размислува за исклучително строга казна, односно исклучување од сите европски натпреварувања во период од седум до десет години.
Колумбискиот новинар и телевизиски коментатор Сезар Аугусто Лондоњо прв ја изнесе оваа информација во јавноста, а за неговата изјава подоцна пренесоа бројни европски спортски медиуми.
Според овие наводи, УЕФА би можела да преземе чекори откако ќе заврши постапката по жалбата што Сити ја поднесе во Англија против донесената одлука.
Доколку УЕФА навистина изрече таква санкција, Манчестер Сити би бил отстранет од Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Конференциската лига за целиот период на забраната, односно од натпреварувањата што ги организира УЕФА. Тоа би претставувало една од најтешките казни што некогаш се видени во европскиот фудбал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
