УЕФА му ја продолжи суспензијата на Насри

Францускиот фудбалер, Самир Насри, доби продолжена суспензија од шест на 18 месеци. Откако УЕФА во февруари му изрече суспензија на половина година, по жалбата на дисциплинскиот инспектор во УЕФА, сега таа е продолжена до ноември.

Поранешниот фудбалер на Арсенал и на Манчестер сити, беше суспендиран откако беше утврдено дека во 2016 година имал интравенски третман на клиника во Лос Анџелес со недозволени имунолошки средства под изговор дека дехидрирал.

Според одлуката на Комисијата на УЕФА за контрола, етика и дисциплина, казната на Насри тече од 1 јули 2017 година, а завршува на 1 ноември 2018 кога тој ќе може да тренира и да настапува за било кој клуб.

Последен клуб на Насри пред суспензијата му беше турскиот Анталијаспор со кој го раскина договорот во текот на зимската пауза.

Се вчитува...