УЕФА на 11 клуба им забрани настап во Европа – Меѓу нив најзвучни се Ријека и Осиек

Дисциплинската комисија на Европската фудбалска федерација (УЕФА) донесе шокатна одлука со која 11 клуба добија забрана за настап на натпреварувањата во нејзина организација.

Три години без настап во Европа ќе бидат Клуж (Романија), Олимпија (Словенија), Ријека и Осиек (Хрватска), Борац Бања Лука (БиХ), Астана и Кизил (Казахстан), Валмиера (Литванија), Коњаспор (Турција), Арис (Грција) и Флоријана (Малта). Причина за ова е доцнењето со исплаќање на фудбалерите подолго од 90 дена, а исклучувањето ќе трае се додека тие не си ги средат финансиите.

Дел од овие клубови ќе имаа можност за преминување во условна казна, ако ги исполнат сите финансиски услови за сезоните 2023/24 и 2024/25.

Се вчитува...