УЕФА: Најдлабоко жалиме за насилството во Израел

И претседателот на УЕФА, Александар Чеферин се огласи по трагичните случувања во Израел и војната во Газа, искажувајќи длабока жал за сите невини жртви и желба што побрзо да запре војната на Блискиот Исток.

УЕФА одлучи да го одложи натпреварот меѓу Израел и Косово во Приштина во квалификациите за ЕП 2024 под образложение дека израелските власти не и дозволуваат на својата репрезентација да патува во странство. Не е јасно дали и кога израелската селекција ќе може да се врати повторно на меѓународните натпреварувања.

„Во име на УЕФА и европската фудбалска заедница ја изразувам нашата длабока тага, откако дознавме за трагичните акти на насилство кои се случија минатата недела во Израел и резултираа со загуба на невини жртви. Ова е незамислива трагедија, а болката и тагата се длабоки и одекнуваат во целата фудбалска заедница“ – се вели во писмото на Чеферин упатено до претседателот на Фудбалската федерација на Израел.

Бројот на загинати во Израел од почетокот на војната продолжува да расте и достигна 1.400, а околу 3.000 се ранети. Исто толку загинати има и во Газа по рекетирањата од израелската страна како одмазда за нападите на цивили во Израел кои ги почна Хамас.

Се вчитува...