УЕФА не му прости за испадите во пенал серијата: Суспендиран голманот Мартинез

Емилијано Мартинез можеби не беше исклучен во пенал серијата во дуелот против Лил, меѓутоа голманот на Астон Вила доби суспензија од УЕФА, и нема да брани на првиот меч од полуфиналето во Лигта на Конференции против Олимпијакос.

Европската куќа на фудбалот се реши да го суспендира поради провоцирање на домашната публика. Мартинез на споменатиот натпревар доби два жолти картони, еден во текот на мечот, и еден во текот на пенал серијата, но според новите правила, жолтиот картон пред пенал серијата се брише.

Светскиот првак со Аргентина ги провоцираше домашните фанови, па од тука ќе биде на „ладење“ еден меч. Астон Вила по изведување на пенали го совлада Лил со 4-3, а Аргентинецот одбрани два пенали.

Се вчитува...