УЕФА не простува: Хрватска – Англија пред празни трибини

Почетокот на елитните групи од Лигата на Нации на УЕФА требаше да донесе и огромен спектакл, пресметка меѓу Хрватска и Англија. Селекторот Далиќ дури и се истрча изјавувајќи дека очекува фантастична атмосфера, но и тој како и многумина во Хрватска заборавија на фактот дека „коцкестите“ се уште ја немаат одлежано суспензијата за појавената свастика на теренот на „Пољуд“ во Сплит за време на квалификацискиот дуел за ЕП против Италија.

Хрватите тогаш беа санкционирани со играње на два меча пред празни трибини, од казната одлежаа еден натпревар, па сега овој вториот по ред се паѓа да биде токму оној со Англичаните, на стартот од новоформираното натпреварување.

„Потврдуваме дека мечот меѓу Хрватска и Англија во Лигата на Нации ќе биде одигран во затворен стадион, без присуство на гледачи“ – објави официјално и УЕФА на оваа тема.

 

Се вчитува...