Арсенал и Челси жестоко ја критикуваа УЕФА, поради одлуката за добивање на само 6.000 влезници за навивачите, за финалето во Лигата на Европа кое ќе се игра во Баку, Азербејџан.
УЕФА одлуката ја објави во текот на вчерашниот ден, што ја шокираша јавноста во Англија, бидејќи капацитетот на стадионот на кој што ќе се игра финалето е 70.000 места. По многуте добиени критики, од Европската фудбалска федерација одлучија да излезат со соопштени за случајот.
„Поради претходните искуства во финалните мечеви на Лигата на Европа и Суперкупот, одлучено е навивачите на клубовите финалисти да добијат по 6 000 влезници. Претходно имавме многу барања кои беа одобрени, но поголемиот дел од навивачите не се појавија на стадионот. Тоа е најверојатно поради фактот што нема да можат да си дозаволат толку далечен пат и затоа претпоставивме дека повторно би можеле да се соочиме со ист проблем. Исто така во предвид го земавме и капацитетот на аеродромот во Баку, како и капацитетите на хотелите во главниот град на Азербејџан“, стои во соопштението на УЕФА.
Финалниот меч меѓу Арсенал и Челси, на стадионот во Баку ќе се игра на 29. мај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА