УЕФА отвори истрага за „местенка“ во српскиот фудбал (ВИДЕО)

Натпреварот во Суперлигата во Србија помеѓу Радник и Нови Пазар, се смета дека е сомнителна од страна УЕФА, и токму од тука европската куќа на фудбалот почнува истрага за да се потврди дали натпреварот е наместен. Натпреварот се одигра на 11 април, и заврши со победа на Радник од 2-0.

Радник со головите на Бабиќ и Миловановиќ уште во раната фаза од мечот славеше победа. Се чинеше дека е обичен првенствен натпревар, но специјалните служби за обложување лоцирале неколку сомнителни појави и енормно високи уплати на победа на Радник.

Многу брзо следуваше и реакција дека ќе се спроведе детална истрага за да се утврдат сите околности на одигурвање на споменатиот натпревар, а под сомневање се неколку играчи на Нови Пазар. Се огласија и од клубот.

„Управниот одбор на ФК Нови Пазар потврдува дека доби допис од фудбалскиот сојуз на Србија, во која се изразува сомнеж дека пет наши фудбалери учествувале во местење на резултатот на натпреварот помеѓу Радник и Нови Пазар одигран на 11. април оваа година, наведувајќи го падот на коефициентите во обложувалниците на денот на натпреварот во Сурдулица. Управата на ФК Нови Пазар одржа состанок со играчите, кои најостро демантираат дека воопшто играле обложувалница, а уште помалку дека направиле нешто против интересот на клубот. Играчите се подготвени да ангажираат адвокати и да ја одбранат честа, угледот и сопствените кариери кои на овој начин се доведени во прашање“, порачаа од Нови Пазар, кои напоменаа дека играчите се подготвени да одат и на полиграф.

Се вчитува...