УЕФА подготвува голема казна за Жозе Мурињо

Португалскиот стратег Жозе Мурињо се соочува со голема казна и можна суспензија од Европската куќа на фудбалот (УЕФА), која денеска објави дека е отворена постапка за агресивно и навредливо однесување на Португалецот кон судијата Ентони Тејлор.

Мурињо реагираше на судењето на Тејлор на финалето од Лигата на Европа каде неговата Рома по изведување на пенали беше поразена од Севилја. По мечот Португалецот му се нафрли со вулгарни навреди на англискиот арбитар, кој ден потоа на аеродромот спасуваше и жива глава од агресивни навивачи на римјаните.

Европските медиуми пренесуваат дека можно е Мурињо да добие суспензија од неколку мечеви за новата сезона, нешто што веќе е пракса во италијанската Серија А.

Се вчитува...