УЕФА повторно со казна за Србија: Меч пред празни трибини плус казна од 50.000 евра!

УЕФА повторно без милост кон фудбалската репрезентација на Србија која е казнета со играње натпревар без присуство на публика, поради погрдните скандирања на дуелот со Црна Гора во Подгорица.

Навивачите разменуваа навреди на национална основа во победата на Србија од 2-0, за што Фудбалскиот сојуз на Србија дополнително е казнет и со 50.000 евра, како и забрана за продажба на билети за следното гостување на репрезентацијата против Бугарија во квалификациите за ЕП 2024.

Србија казната со празни трибини ќе ја одслужи на 7. септември кога во рамките на Групата Г во квалификациите за ЕП ја пречекува Унгарија.

Казна од 20.000 евра доби и Фудбалскиот сојуз на Црна Гора, кој ќе мора да затвори дел од својот стадион во Подгорица за натпреварот против Бугарија.

Србија, по два меча, води во групата Г со шест бода, втора е Унгарија со три бода од еден меч, а Црна Гора е трета со три бода од два натпревари.

Се вчитува...