УЕФА размислува за фудбалска имунизација – Македонската репрезентација ќе мора да се вакцинира пред Евро 2021?

Македонската фудбалска репрезентација која за два месеци ќе дебитира за прв пат во сојата историја на едно Европско првенство, најверојатно ќе мора да се вакцинира пред настапот на континенталниот шампионат, откако се погласни се гласините дека УЕФА сериозно размислува за задолжителна вакцинација на сите тимови што ќе учествуваат.

Првично, од УЕФА дојдоа најави дека нема да воведуваат задолжителна вакцинација, освен ако фудбалерите од земјите не се вакцинираат во своите држави преку масовната имунизација како заштита од коронавирусот. Но, во Нион се премислиле и сега сериозно ја разгледуваат оваа опција откако легендарниот Даниеле Де Роси беше хоспитализиран во болница во Рим поради компликации од ковид-19.

Како што пишува италијанскиот весник, во моментов во Нион се водат сериозни разговори за да се воведе задолжителна вакцинација на фудбалерите и стручните штабови, со што би се осигурало дека никој во 24-те тима учесници на Евро 2021 нема да може да се разболе од коронавирусот, па потоа да направи и проблеми со ширење на истиот во соблекувалните.

Првиот човек на полскиот фудбал, Збигњев Боњек, кој е и член на Извршниот комитет на УЕФА, најави дека Полска е подготвена да ги вакцинира сите свои спортисти кои ќе имаат меѓународни настапи, но во случајов со фудбалската репрезентација, одлуката треба да ја донесат највисоките истанци, пред да стапи на сила.

Над 600 фудбалери ќе играат од 24 селекции на претстојното Европско првенство, кое ќе се одржи во 12 градови низ Европа, од кои осум веќе објавија дека ќе ги организираат мечевите со гледачи, додека четири добија дополнителни денови да обезбедат гаранции.

УЕФА допрва треба да објави детали околу вакцинацијата, ако реши да ја има, како и други делови од севкупната организација, досега само посочи дека Евро 2021 ќе се игра пред публика, а дека билетите за Македонците ќе бидат пуштени во продажба идниот месец.

Се вчитува...