УЕФА се премисли, нема да ги вклучи младите селекции на Русија

УЕФА ги откажа плановите за враќање на руските репрезентации до 17 години во УЕФА натпреварувањата. Ова доаѓа по реакција на многу федерации, пред се на Украина и на Полска, кои веднаш истакнаа дека нема да играат во натпреварувања на кои ќе настапуваат руски екипи или селекции.

Изненадната одлука дојде по гласањето на 26 . септември, но откако денеска повторно се разговараше на состанокот во Нион, е одлучено да не се стави точката на гласање, и темата беше отфрлена.

„Точката од дневниот ред беше повлечена, поради тоа што не беше најдено техничко решени да им се дозволи на руските селекции да играат“, соопшти УЕФА.

ИДејата беше да играат без национално знаме или дрес, но предлогот беше многу непопуларен, и најмалку 12 од 55-те селекции кажаа дека нема да учествуваат на турнири во кои ќ бидат вклучени селекциите на Русија.

Се вчитува...