Европската фудбалска организација, сепак, мораше да реагира и да го премести мечот од Лигата на Европа меѓу Ворскла и Арсенал, од Полтава во Киев. УЕФА соопшти дека натпреварот од петтото коло од групите во Лигата на Европа меѓу украинскиот тим Ворскла и англискиот премиерлигаш Арсенал е преместен од Полтава во Киев, поради безбедносни причини.
„УЕФА ќе продолжи да ја следи ситуацијата во Украина и можно е и други натпревари да бидат преместени”, велат од УЕФА.
Иако првично ставот на УЕФА беше дуелот да се игра во Киев, сепак, дојде до итна промена. Вчера, парламентот го одобри декретот на претседателот на Украина, Петро Порошенко, за воведување на воена состојба во земјата, поради конфликтот со Русија. Ова ја принуди УЕФА итно да донесе нова одлука, по што мечот Ворскла – Арсенал е преместен на „Олимпискиот стадион“ во Киев, утре во 18.55 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА