Фудбалскиот сојуз на Косово беше казнет со вкупно 35.000 евра, додека Хрватскиот фудбалски сојуз ќе мора да плати 20.000 евра. Двете репрезентации добија и условни забрани за продажба на билети на своите навивачи за гостински натпревари во натпреварувањата на УЕФА.
Казната за Косово се однесува на натпреварот против Австрија, одигран на 27 септември, во кој Австрија победи со 3-1.
УЕФА изрече казна од 15.000 евра за истакнување несоодветни транспаренти, додека дополнителни 20.000 евра беа изречени за расистичко и дискриминаторско однесување на навивачите.
Покрај казната, Косово доби и условна забрана за продажба на билети за еден гостински натпревар во натпреварувањата на УЕФА. Мерката беше одложена за пробен период од две години, што значи дека ќе се активира во случај на повторување на сличен прекршок.
Хрватска беше казнета поради однесувањето на своите навивачи на натпреварот против Шпанија, одигран на 29 септември. На тој натпревар, Шпанија победи со 4-1, а УЕФА изрече казна од 20.000 евра на хрватскиот сојуз поради расистичкото и дискриминаторско однесување на навивачите.
Хрватскиот сојуз доби и условна забрана за продажба на билети за следниот натпревар на гости на националниот тим во натпреварување под покровителство на УЕФА. Како и во случајот со Косово, забраната ќе важи две години, под услов да не се повтори сличен инцидент.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
