Фудбалерите на Тиквеш ја оправдаа фаворитската улога на дуелот против Брегалница во 9. коло од Првата македонска фудбалска лига, триумфирајќи убедливо со 3-0.
Лавал уште во 3. минута донесе водство од 1-0 за Тиквеш, најавувајќи ја на тој начин четвртата победа на кавадарчани во досегашниот тек од првенството.Темелков во 16. минута зголеми на 2-0, а Лусианињо во самиот финиш ги постави конечните 3-0.
По овој триумф Тиквеш има 16 бода, во моментов запоседнувајќи ја третата позиција на табелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
