Мурињо ќе ја менува тактиката поради Винисиус

Жозе Мурињо не ја стартуваше авантурата во Реал Мадрид онака како што посакуваше, веќе има значително заостанување ззад Барселона, а атмосферата во самата екипа е далеку од посакуваното ниво.

Португалецот ја искористил репрезентативната пауза за добро да размисли околу своите тактички замисли, а според весникот „Ас“, добро упатен во случувањата во Реал – Мурињо е свесен дека за Реал да почне да игра онака како што тој сака неопходно му е да се разбуди Винисиус.

Бразилецот летово потпиша нов договор, но потоа е бледа сенка од играчот што ја освои Златната топка, најчесто безопасен по противничкиот гол,, додека со своето однесување почна да ги нервира и соиграчите, не само противниците.

Според „Ас“, Мурињо е подготвен да ја промени и тактиката за да го извлече најдоброто од Винисиус. Португалецот бараше од сите фудбалери активно да учествуваат во пресингот и во одбраната, но сега тој станува свесен дека ваквите обврски влијаат на изданијата на Вини во фазата на нападот. Поради ова Мурињо, планира да го пушти Винисиус да игра поблиску до противничкиот гол, со далеку помали задачи во дефанзивата, се со цел да го разбуди врвниот голгетер во месецот во кој ќе следи и големото дерби со Барселона.

Не се исклучува ни можноста Вини да биде пробан како „деветка“, особено во ситуација кога Мбапе е повреден. Останува да се види како сето тоа ќе изгледа на терен, Реал веќе вечерва го очекува меч пред своите гледачи против незгодниот состав на Виљареал.

Се вчитува...