Охрид ги лечи раните од Вардар против Алкалоид

Ракометарите на Охрид минатото суперлигашко коло беа декласирани од шампионот Вардар, па „сино-белите“ се свесни дека мора што поскоро да се вратат во посакуваниот ритам ако сакаат да останат во игра за највисок пласман.

Токму затоа од исклучителна важност е денешниот дуел со Алкалоид (18.30 часот, сала „Билјанини Извори“), на кој охриѓани најавуаат дека ќе сторат се за да покажат дека минатиот викенд во Скопје бил само лош ден за избраниците на Борис Ројевиќ.

Алкалоид има перфектни пет победи од стартот на сезонава, но четата на Лазаров досега се уште нема одиграно дерби меч и денешниот дуел во Охрид ќе биде вистински тест за можностите за сино-белите од Автокоманда.

Давид Савревски, екс-ракометарот на Алкалоид кој веќе втора сезона ги брани боите на Охрид, е свесен дека охриѓани пред себе ќе имаат исклучително тежок предизвик.

„Се подготвуваме максимално и свесни сме дека нè очекува многу тежок натпревар. Со дисциплинирана игра, максимална борбеност и голема поддршка од охридската публика, во сабота одиме по победа“, изјави ракометарот на ГРК Охрид, Давид Савревски.

Се вчитува...