Мален: Рома е вистинскиот клуб за мене, сам побарав да заминам од Астон Вила

Рома се коцкаше минатиот јануари кога го доведе Дониел Мален на позајмица од Астон Вила, но тој потег се покажа клучен за „волчицата“ во градењето на тимот под водство на тренерот Гасперини.

Холанѓанецот блескаше веднаш по доаѓањето во клубот, па Рома побрза да ја активира клаузулата и го доведе овој врвен голгетер во тимот за само 25 милиони евра.

Тој ја покажува благодарноста на вистински начин, веќе постигна шест гола на првите пет средби и моментно е најдобар стрелец во Серија а, а Мален во последниот разговор за „Кориере дело спорт“ обелодени дека тој самиот инсистирал на заминување од Астон Вила.

„Тоа беше моја одлука и само моја. Сакав да играм, знам дека можам многу повеќе, но бев свесен дека тоа можам да го докажам само ако играм секоја седмива на клупски план. Ја избрав Рома и дефинитивно не погрешив, се наоѓам во клуб каде што се чувствувам сакам и ценет, што е само мотив плус да прикажувам уште подобри игри во иднина“, истакна Мален.

Одличниот голгетер обелодени и што најмногу му се допаѓа кај тренерот Гасперини.

„Никогаш нема да те излаже. Те гледа во очи кога ти зборува и ти го кажува она што го мисли. Можеби некогаш не се согласувате, но тој е тренерот и морате да го почитувате. Фактот дека е стопроцентно искрен е нешто што е исклучително позитивно за мене“, прокоментира одличниот голгетер на Рома.

Се вчитува...