Натпреварот меѓу Арсими и Силекс во 9. коло од Првата македонска фудбалска лига заврши без победник 1-1.
Кратовци поведоа во 47. минута со автоголот на Џемаили. Но, Арсими успеа да израмни во 53. со голот на Гаје за конечни 1-1.
Натпреварот мина во сенка на тешката повреда на Колумбиецот Диего Контрерас. Фудбалерот на Арсими во обид да шутира кон противничкиот гол во првото полувреме незгодно ја свитка ногата и според првите извештаи заработил скршеница.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
