Навивачите на Рајо во војна со сопственикот, го прекинаа мечот против Билбао (ВИДЕО)

Натпреварот од осмото коло во Ла Лига помеѓу Рајо Ваљекано и Атлетик Билбао е прекинат во 30-та минута поради домашните навивачи кои се незадоволни од раководењето на тимот од страна на сопственикот.

Натпреварот прво беше прекинат во 13-та минута, и по десетина минути пауза, беше продолжен по што дефинитивно беше прекинат во 30-та минута.

 

 

 

Навивачите на Рајо Ваљекано во знак на протест против сопственикот на тимот Раул Мартин Преса, почнаа да фрлаат хартија, пластични топки и други работи на теренот поради што судијата одлучи да го прекине натпреварот.

 

Footage of Rayo fans throwing paper planes and tennis balls, forcing the match v Athletic Bilbao to be stopped
by
u/Mulderre91 in
soccer

 

Се вчитува...