Повторно ќе имаме зимско Светско првенство и тоа не во 2034 туку во 2035 година?!

Светската фудбалска федерација (ФИФА) сака Светското првенство кое во 2034 година ќе се одржи во Саудиска Арабија да не се игра на лето туку во зима.

Иако Мундијалите вообичаено се оддржуваат во летните месеци, бидејќи на Блискиот Исток температурите се неподносливи во тој период, ФИФА размислува да го примени рецептот од Катар 2022 и СП 2034 година да се игра во зимските месеци.

Во случајот со Саудиска Арабија постои уште еден проблем, тоа е празникот „рамазан“ кој во 2034 година се паѓа во ноември и декември и поради тоа како можно решение, ФИФА го гледа во поместување на СП за јануари и февруари 2035 година.

Засега сè уште ништо не е дефинирано, во медиумите пишуваат дека најверојатно ќе биде прифатена опцијата Светското првенство да се одржи во јануари и февруари 2035 година.

Следното Светско првенство ќе се одржи во 2030 година, а организатори се Шпанија, Португалија и Мароко.

 

 

 

Се вчитува...