Големото дерби во хрватскиот фудбал помеѓу Хајдук Сплит и Динамо Загреб заврши со триумф на „билите“.
Хајдук со 2:1 го совлада Динамо во деветтото коло од хрватскиот шампионат и сега е лидер на табелата со 19 бода, три повеќе од големиот ривал.
Hajduk Split [1] – 1 Dinamo Zagreb – Scott McKenna OG 24′
by
u/50lipaa in
soccer
Интересно е што два гола дадоа играчите на Динамо, но за нивна жал, а на радост на фановите на „Пољуд“, Меккена во обид да ја исфрли топката од центаршутот на Хрговиќ, ја затресе сопствената мрежа во 24-та минута.
Hajduk Split 0 – [1] Dinamo Zagreb – Dion Drena Beljo 21′
by
u/50lipaa in
soccer
Три минути претходно, „модрите“ поведоа со голот на Бељо кој немаше проблеми да го матира голманот Котарски.
Голот вреден три бода за Хајдук и триумф во големото хрватско дерби го постигна Санјанг во 59-та минута и тоа со шут од 20-тина метри.
Posts from the soccer
community on Reddit
Судијата одлучи да се играат дополнителни 15 минути продолжение поради огнометите на двете навивачки групи „Торцида“ и „Бед блу бојс“ како и поради консултациите дали натреварот да продолжи или да се прекине поради силниот дожд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
